todorov-nikolic
Министерот за здравство Никола Тодоров денес одржа уште еден состанок со колегиумот на Клиниката за дигестивна хирургија на кој е одлучено поради смирување на состојбата во следните два дена Клиниката да не работи.

-Одлуката е во четврток и петок да не работат, односно да работат само за итни случаи, а се што е елективна хирургија и амбуланта да пренасочиме кон други две установи, стара Градска болница и кон „8-ми Септември“. Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Тодоров.

Министерот за здравство додава дека иако вчера имало операции на Клиниката и се работело, сепак заеднички е одлучено дека потребно е време за смирување и стабилизирање на ситуација.

Хирурзи од клиниката велат дека одлуката за да не работат ја донеле тие самите тринава, а кога министерот  разбрал дека лекарите не сакаат да работат, сам отишол кај нив да разговара, да ги убеди да се вратат на работа.

Синдикатот на клиниките го повикува членството утре во 10 часот да дојдат во паркот кај хелиодромот на полчасовен протест да се изрази револт за статусот што го има лекарската професија.

 

Слични содржини