ДИК ги почна подготовките за одржување на локалните избори

од Vladimir Zorba

Државната изборна комисија ги почна подготовките за одржувањето на локалните избори во октомври. ДИК синоќа одржа седница на која разгледа повеќе информации и заклучоци како подготовка за претстојните избори.

На дневен ред беше и извештајот за утврдување на состојбата во избирачкиот список за ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври, а  се разгледуваа и предлог јавен повик за сите граѓани за вршење на јавен увид во избирачкиот список и предлог заклучок за важење и применување на обрасците за спроведување на локалните избори.

На дневен ред беше и одлуката за отворање канцеларии на државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува јавниот увид и собирањето на потписи за поддршка на листи на кандидати.

Слични содржини