Државната изборна комисија денеска на седница треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни годинава.

koalic
До синоќа на полноќ кога истече рокот, листи на кандидати за пратеници до ДИК доставија ВМРО-ДПМНЕ, Народно движење за Македонија (НДМ) и Социјалдемократската партија на Македонија.
Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.

По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа/МИА

Слични содржини