Членовите на Државната изборна комисија не успеале да го усвојат Извештајот  во кој се заклучоците   од вкрстената анализа. Според најавите денеска требаше да се заврши на закажаната седница.

dik_sednica

Јавноста се уште не е информирана колку спорни гласачи има во избирачкиот список.

Засега нема потврда на тоа дали бројот на спорни гласачи е причината заради која членовите на ДИК не се усогласиле. Најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаа различни очекување за тоа што ќе покаже оваа анализа. Според опозицијата, како спорни се очекување да се појават меѓу 100.000 и 500.000 гласачи, а додека власта најавуваше мал број.

Анализата на вкрстените податоци треба да продолжи и утре.

Слични содржини