Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница. Членовите на ДИК ќе го разгледаат Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со 5 април 2016 година.дик врата

На денешната седница ќе се разгледуваат извештаите од сите досега извршени проверки.

Aдминистративната проверка, во МВР и во Министерството за правда, на повеќе од сто илјади спорни гласачи, требаше да биде завршена на 31 март. МВР деновиве со допис дека неможе да одоговори за сите барања на ДИК за проверка на базите. Внатре во ДИК неможат да стигнат, барем засега со селектирањето.

Теренската проверка требаше да заврши до 3 април. На 17 април прочистениот избирачки список треба да биде ставен на увид.

Собранието пред распуштање- Македонија пред нова криза !

Засега само со добар почеток но без завршница на целиот процес. Сите укажувања се дека треба уште време за да целосно и кредибилно биде завршен процесот. На тоа укажа и меѓународната и експертската јавност. Одлуката  и соопштивањето е денеска на ДИК.

На полноќ доколку се е во ред со гласањето во ДИК се распушта и парламентот, а со тоа се дфинира и датумот на зизборите, во спротивно процесот продолжува  без дефинирање на нов датум за избори.Одллуката сега е на ДИК, а кон крајот  на денот и гласањето во парламентот.

 

Слични содржини