Државната изборна комисија денеска оствари редовна работна средба со претседателот и членови на Владата на Република Македонија. На средбата, која се одржа во седиштето на ДИК, се разговараше за соработката помеѓу ДИК и Владата во насока на организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори.

dik

Членовите на ДИК и Владата разменија размислувања околу справувањето на ДИК со предизвиците во периодот кој претстои. Тие особено се осврнаа на соодветното техничкото опремување на ДИК за спроведување на теренските проверки, изработката на софтверска апликација за методолошка обработка на Избирачкиот список, како и изготвувањето на медиумска кампања за информирање на граѓаните за теренската проверка и граѓанската контрола на Избирачкиот список. Премиерот се интересираше и за отпочнувањето на вкрстените проверки на базите на податоци, по што претседателот на ДИК појасни дека тие ќе започнат веднаш по валидацијата на податоците, која е при крај и дека потоа ќе се започне со теренските проверки на Избирачкиот список и увид во евиденцијата на МВР за издавање на биометриските исправи, како и во базите на податоци и евиденции на граѓани на други државни органи и институции.
Инрегрален текст

Слични содржини