Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во петок ќе го посети Скопје соочувајќи се со дилема која може да го одреди европското наследство во Македонија.

RMpbjA-Q_400x400

Прислушуваните разговори, обелоденети минатата година од страна на македонската опозиција, ја соголи злоупотребата на режимот на премиерот Никола Груевски кој е на власт веќе 10 години.

Tие сведочат за корупција, конфликт на интереси, уценувања, нелегално профитирање и политичко влијание во судството.

Независни правни експерти, именувани од Европската комисија укажаа на загрижувачките докази кои ги поврзуваат наводните малверзации со високи владини и партиски претставници од партијата на Груевски.

Во извештајот пак на Европската комисија се зборува за “манипулации со избирачкиот список, купување на гласови, заплашувања на гласачите, вклучувајќи закани врз државни службеници и компании, како и спречување на гласачи да го дадат својот глас.”

Во една функционална демократија, во вакви услови Владата би поднела оставка, а независните институции би ги извеле луѓето пред лицето на правдата.

Во Македонија, опозицијата и граѓаните оваа одговорност ја бараа преку протести на улиците, но власта на Никола Груевски ја искористи контролата врз медиумите за да се намали негативниот ефект во јавноста.

Тие обвинија дека зад аферата стојат странски служби, а организираа и свои протести каде дел од поддржувачите на Груевски вееја руски знамиња, како да сакаа да ја предупредат ЕУ дека Груевски може да им сврти грб на европските интеграции.

Недостатоците на Договорот

Европската унија во јули одигра клучна улога при постигнувањето на договорот помеѓу најголемите политички партии.
Опозицијата запре со објавувањето на материјалите и се врати во Парламентот.
Неколкуте посети на Хан резултираа со назначување на специјален обвинител кој треба да ги истражува индициите од прислушуваниот материјал, и со аранжман за споделување на моќта во значајни министерства.

Но овој договор постигнат со поддршка на ЕУ има два недостатоци.

EU Commissioner for Neighborhood Policy and Enlargement Negotiations Johannes Hahn give a press conference with Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski in Skopje on September 18, 2015.

Прво – тој е дизајниран е за да демонтираат “системските слабости“ во Македонија, која на режимот на Груевски му дава нефер предност на предвремените избори закажани за 24 април 2016 година.

Ова значи дека треба да им се верува на потенцијалните криминалци во највисоките ешалони на власта дека искрено ќе работат на своја штета, создавајќи рамноправни услови за демократски натпревар.

Второ – договорот го врзува процесот со фиксираниот датум во април, без оглед дали земјата е соодветно подготвена.

Назадување

Пред се, канцеларијата на специјалниот обвинител се уште не е функционална и се соочува со големи предизвици.

Додека медиумите блиски до Груевски ја напаѓаат обвинителката, владејачката партија вели дека “веќе не верува во независноста на Јанева” и изразува “сериозна резерва ” околу “законитоста на нејзините дејствувања.”

Медиумите исто така го нападнаа медијаторот на ЕУ во Македонија, Питер Ванхауте, кога тој јавно се осврна на неуспехот во примената на останатите круцијални одредби на договорот.

Пред се, ништо не е направено за да се пречисти списокот на гласачи што очебијно предизвикува недоверба – неопходен услов за веродостојни избори.

Репортерите без граници, невладина организација со седиште во Париз, ја рангира Македонија помеѓу Таџикистан и Мали во својот индекс за слободата на медиумите.

Нема напредок ни за побалансирано покривање од страна медиумите на предизборниот период, ниту пак реформи на медиумското регулаторно тело.

Доколку ЕУ се согласи изборите да се одржат во вакви (не)услови, според утврдениот датум, таа ќе биде соучесник во процес што би дозволил луѓето за кои постојат сериозни наводи за криминал да се извлечат.

Тоа ќе придонесе за продолжување на кризата и ќе го легитимира понатамошното уништување на демократијата.

Можности

Наместо тоа, Европа има можност да ја заштити основната цел на политичкиот договор постигнат во јули.

Ако не им го даде својот благослов на ваквите избори се додека виталните реформи не бидат спроведени, Европа ќе и помогне на демократијата да се врати во Македонија и ќе даде пример за сите елити на Западниот Балкан.

Најавувајќи го договорот минатото лето, Хан рече: “Дозволете ми да бидам кристално јасен: ЕУ не беше само олеснувач на краткорочен аранжман за стабилизација”.

“Нашата цел е да и помогнеме на земјата да се врати на својот евро-атлантски пат и да ги заживее демократијата, отвореното општество и владеењето преку избори и оддржливи реформи”.

За доброто на народот во Македонија и за доброто на европската демократија, од витално значење е тој своите зборови да ги спроведе во дело./  EUObserver

 Никола Димитров

Слични содржини