Премиерот Емил Димитриев  тврди дека добил уверување од  Државната изборна комисија дека има доволно време за пречистување на Избирачкиот список, а со тоа и да се создадат предусловите за фер и демократски избори на 5 јуни, јавува Телма.

emil_dimitriev_g111_0

Денеска завршува валидација на податоците од базите, денес, најдоцна утре може да се отпочне со вкртување на податоците. Од експертскиот информатички тим предвидуваат вркстувањето да се одвива седум до десет дена, а потоа да се оди на тереснска проверка, вели Емил Димитриев, претседател на владата.

Поред Димитриев ДИК може да работи и со побрзо темпо и до априлскиот датум за изборите можеле да се завршат сите обврски.

– Ние како Влада и сега го делиме ставот дека оптимален и реален рок за одржување на изборите беше 24 април и реално можеше да се постигне за организирање на фер избори. Меѓутоа, апелирав поместувањето на рокот на изборите да не влијае да го чекаме крајниот рок за исполнување на сите обврски, да си ги завршиме обврските многу пред тоа со што ќе влијаеме за дополнително создавање на позитивна атмосфера и амбиент, вели Димитриев.

Димитриев дал ветување до ДИК дека Владата ќе помогне во техничко доопремување  на Комисијата.Ако нема доволен интерес на огласот за информатички инжинери,  Владата е подготвена да понуди преземање на кадри од државната служба или ангажирање на лица кои претходно работеле за Државнат комиија, рече Димитриев.

Преку соопштение  Државната изборна комисија информираше дека на средбата со Димитриев разговарале  и за изработка на софтверска апликација за методолошка обработка на Избирачкиот список, како и за медиумска кампања за теренската проверка и граѓанската контрола на Списокот.

Слични содржини