Димитриев-Жбогар: Забелешките во извештајот се нов патоказ за нашите активности

од Vladimir Zorba

Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, истакна премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев по средбата со амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за земјава.

dimitriev-zbogar

– Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период. Укажувањата и забелешките кои што се дел од извештајот ги сметаме како нов патоказ за нашите активности кои што треба да ги направиме дома во Република Македонија. Се надеваме дека со одржувањето на изборите со формирањето на политичката Влада, ЕУ агендата повторно ќе дојде на дневен ред, како еден од највисоките приоритети со многу посилен фокус од она што го имавме во изминатава година бидејќи оваа година беше година во која се соочувавме со големи политички предизвици, мигрантската криза, Владата функционираше во облик на техничка Влада за спроведување на изборите – истакна Димитриев.

Eвроамбасадорот Жбогар посочи дека Извештајот е искрен и оти има многу препораки кои можат да бидат искористен од институциите, кога се дискутура за реформите кои се очекуваат по изборите.

– На изборите гледаме со надеж дека тие би можеле да бидат почеток на нов процес и овде внатре во земјата, но и нов процес во рамките на Европската унија – додаде Жбогар./Мета.мк

Слични содржини