Димитров: За време на кризата Москва вложуваше во Груевистан, а шините на САД, за ЕУ и НАТО, се искривија

од Vladimir Zorba

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој беше во делегацијата на новиот премиер Зоран Заев, во официјална посета на  Софија, е убеден дека двете држави  изгубиле многу време со студенилото во односите меѓу себе.

Тој е убеден дека работите веќе почнаа да се менуваат, ова тој  го изјави во интервју за репортер на БГНЕС

  Време ли е да се свртиме кон иднината? Како сакате да изгледаат односите меѓу Бугарија и Македонија да речеме по една година?

Никола Димитров: Задоволството е дека сум со БГНЕС и дека сум тука во Софија. Ова е прва посета на премиерот, не само на реформистичката влада, но и на една нова Македонија, која се роди од оваа голема агонија. Оваа нова Македонија нема комплекси, не и ‘требаат многу споменици, за да се гордее со себе. И нема предрасуди. И навистина е време да развиеме еден нов дух на Балканот, пред сè со Бугарија. Овие денови многу се зборува за историја и т. н. тоа  нашите две држави да не се блиски, е антиисториско и нема никаква логика. И тоа можевме да го направиме … требаше да го направиме во почетокот на 90-тите години, кога Република Македонија стана независна во 1991 г .. изгубивме многу време. Можеби беше потребно некои лекции да се научат на овој начин, но мислам дека веќе сме пораснати.

Во дел од следната година Бугарија ќе биде претседавач на Советот на ЕУ, ќе биде многу влијателна и значајна по смислата на фокусот и приоритетите. Во тоа време ние веројатно помалку ќе зборуваме повеќе ќе покажуваме резултатите од нашата работа на  реформите. Бидејќи ние сме решени – дури и без европска перспектива – да изградиме во нашата земја силни институции, бидејќи видовме што значи кога институциите се толку слаби што еден човек да може да ја одредува судбината на секој граѓанин, на секоја компанија. Ние сме цврсто решени да имаме независно судство, независни медиуми, силна антикорупциската комисија. Сакаме дома една чиста ситуација. И транспарентност. Ќе бидеме вредни за одржување, не само поради тоа што сме два многу блиски народа, туку и затоа што ќе ја заслужуваме оваа поддршка. И нема воопшто да има простор за отворени прашања меѓу нас.

 

 Добро е што Бугарија и Македонија конечно   видоа дека постоиме еден до друг. Што е вашето објаснување за активностите на Грција во текот на овие 20 година зашто јасно е деа не станува збор само за спорот за името. Зошто Грција ја блокра пушти Маакедониja во ЕУ и во НАТО?

Никола Димитров: Лично јас имам сериозен пристап за ова прашање – пет години бев главен преговарач за прашањето за името со Грција, бев поборник за прифаќањето на привремената спогодба во Меѓународниот суд во Хаг. Ситуацијата од правен аспект е многу јасна. Практично единственото обврска од оваа привремена спогодба е Грција да не преговара за членството на Македонија во меѓународните организации. И судот на ветото во Букурешт рече дека таа ја  крши ова законска обврска. Па, во меѓународните односи правната ситуација не е секогаш доволна. И јас ќе се обидам, почнав веќе да го правам, ние како министерство, влада и целата држава, ќе се обидеме да ја убедиме Грција дека она што се прави во Македонија, треба да биде поддржано. И  порачав  дека  сериозно да размислат каков сосед сакаат да имаат: Ако сакаат да имаат европска демократија, без конфликти, пријателски настроена, целосно отворена за соработка во сите области, тогаш ќе ги собереш сите  за влез во НАТО. Бидејќи кога поголемиот сосед те блокира, реакцијата е врз  поголема конструктивност, и се создава една дефанзивност.

Исто така моментот во регионот е многу важен. Шините кои ги поставија заедно Европа и Америка, по војните во поранешна Југославија, малку се изкривијаа: Европа многу е посветена самата со себе, старите земји-членки станаа скептични во однос на тоа колку овој процес на проширување реално ги менува страните. А пак земјите кандидати станаа скептични дека овој процес ќе има крај. Нема и којзнае што внимание кај елитата на Вашингтон. И ова го става регионот во една ситуација … Постојат сили, кои сметаат дека се создава можност за други опции. Поради што е многу важно членството на Македонија во НАТО, бидејќи тоа ќе има  смирувачки  ефект и ќе биде едно порака дека оваа земја е таму и ќе остане во овие граници.

Зборувате за ставовите на други држави за развојот на Македонија и на регионот. Видовме активностите на Тирана, ги гледаме и оние на Белград. Како според вас ќе се развиваат односите на Македонија со овие две држави при новата влада?

Никола Димитров: Кон сите наши соседи сакаме да  се смен се , да речеме: “Имаме вистински пријател на Балканот”. Имаме еден доволно нездрава трка кој има повеќе славни порази, кој – повеќе крвави победи. И не е тоа  трка во сегашноста кој има подобро здравство, подобро образование. .. Мислам дека е време да се свртиме повеќе кон иднината. И во овој дух политиката  кон сите соседи ќе биде “Ајде да видиме кој ќе биде вашиот најдобар пријател?”, Наместо да бидеме сместени во ровови од тоа  време. Ова им штети на нашите граѓани. Македонија имаме  мултиетничко општество, тоа е нашата судбина. Ова бара голема мудрост, визионерство и грижи. И нашето верување е дека колку повеќесме  обединети   и колку повеќе нашите сограѓани – Албанците ја чувствуваат Македонија како своја татковина, толку цврста и силна ќе биде Македонија. Тоа е нашата политика. Пред избори имаме една практика на комуникација во јавноста. Ние нема да го правиме тоа, сакаме да внесеме нов дух. Јасно е дека сите земји си имаат свои национални интереси. Но често велам: “Во овој регион или ќе растеме заедно, или ќе паѓаме заедно.” За нас случајот со Албанија, кога доби статус на земја кандидат, беше добро и за Македонија и за Балканот. Колку повеќе одиме заедно кон Европа, толку повеќе се стеснува просторот за старите сили кои имаат други цели.

Имаме сега поправање на односите меѓу Бугарија и Македонија, кои беа ладни, речиси ги немавме – без да сме ги прекинувале …

Никола Димитров: … последната посета на ниво премиер беше во февруари 2013 година ….

 … и знаете колку продолжи – со доаѓањето и враќање до аеродромот? 50 минути. А и претседателска немаше …

Никола Димитров: Ова е срамота. Четири и пол години … За мене, особено кога слушнавме за сите овие злоупотреби во Македонија, тоа не беше влада на Република Македонија. Значи ајде да го замениме овој завршен национализам со долг визионерски патриотизам.

 Дали мислите дека има ризици за Македонија во геополитички план? Да речеме – руско влијание, главно од север?

Никола Димитров: Сакам да ги убедам нашите руски пријатели дека она што го започнавме уште во 1993 година, една од првите декларации на парламентот, е за членството во НАТО. Тоа ќе биде добро за нас, ќе биде добро за регионот. Тоа не значи дека ќе имаме лоши односи со Москва. Не станува збор за “или-или”. Има многу области во кои можеме да ја зголемиме соработката. Сакам да ги убедам дека со она што го правеа за време на кризата – според нив, да ги штитат Македонија, имаат околу 11 изјави на МНР на Руската Федерација, всушност тие го бранеа Груевистан, а не Република Македонија. Бидејќи ерозијата на институциите внатре ја направи Македонија многу слаба. Кое достигна кулминација на 27 април, кога полицијата овозможи пратениците да бидат нападнати во храмот на демократијата. И не застана на страната на уставот и парламентот, а на партијата и партиските желби. Такво нешто никогаш повеќе нема да дозволиме. Полицијата треба да биде на Република Македонија – ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, или на која и да било друга политичка сила. Мислам дека колку подемократски станува регионот  и колку посилни се институциите  , а не се толку силни лидери – во смисла на авторитарно управување – толку помали  се можностите   за геополитички игри, една голема сила, друга голема сила … Исто така сметам дека не се добри ниту за Европа, ниту за светот овие големи тензии меѓу Русија и Европската унија и НАТО. Тоа не е нешто што ние, како мала држава на Балканот, можеме да носиме како товар, можеме само да зборуваме за тоа. Светот стана многу мал, многу меѓусебно зависни, а тоа се многу застарени тенденции. И начини на градење на односите. Во однос на Балканот тоа е само едно одраз од поголемиот проблем.

 

 Како го прифаќате повикот на бугарскиот премиер, кој вели дека, на крајот, и во Македонија, и во Бугарија луѓето се Европејци, но политичарите треба да имаат европско однесување?

Никола Димитров: Читав едно интервју на премиерот објавено вечерта пред посетата  . Тоа беше интервју на европски премиер. Живеев долги години во Холандија, каде еден од главните таленти е прагма. Постои голема разлика помеѓу лупање  во градите и создавање на резултати. За да има резултати во името на државата, на граѓаните, треба да си прагматичен. Значи со големо задоволство го прочитав  интервјуто. Во него има … отворени раце. И кај нашиот премиер има отворени раце. И е многу убаво дека од такво ниво доаѓа таков импулс за двете држави, за нивните народи. Тоа ни е иднината. А ние, дури и да не успееме да ги  отвориме вратите, ќе ја донесеме Европа во Македонија.

 Чекаме овие отворени и од двете страни раце да не се скржават и да почнат да работат. Бидејќи зборовите се добро …

Никола Димитров: .. Тие вчера почнаа да работат. Тоа не треба да се потценува. И најавата дека на нашиот празник – Илинден е во нашата државност, сакаме да потпишеме договорот, да има посета на премиерот Борисов, се повеќе од зборови. А и тоа со улиците … Ние во Македонија многу го почитуваме претседателот Желев поради неговото визионерство што го пројави тогаш …

  .. тој има голем историски придонес ...

Никола Димитров: .. токму така. И не станува збор само за зборови. А и кога станува збор за премиери, самите зборови веќе  се дела, особено кога почнуваат така да работат. Ни дадоа голема одговорност – на двајцата министри за надворешни работи и  на нашите тимовите   – да ја завршиме работата. И, знаете, кога нема волја, дури и да имаме идеален договор, работата не е завршена.

 Значи по една година ќе дојдеме да провериме. Во Скопје.

Никола Димитров: Со задоволство ќе ви чекаме./БГНЕС

Слични содржини