Димовски бара Зврлевски да се тргне од дневен ред, Џафери не прифати

од desk2

Маратонската седница за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжи денеска, меѓутоа на собраниската седница не се присутни ни 30 пратеници.

Поради тоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на почетокот на седницата рече дека Собранието не е во кондиција да донесува одлуки бидејќи се отсутни голем број пратеници.

– Дури и да се стави на гласање ќе нема кој да гласа. Предлагам оваа точка да ја ставите во мирување, да се тргне од дневен ред – рече Димовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери не го прифати предлогот и ја продолжи дискусијата за разрешување на Зврлевски. Рече дека мнозинство е потребно само во случај да се гласа, но не е потребно кога има дискусија и реплики.

Слични содржини