Димовски: Сугарески призна дека свесно се кочела изградбата на автопатите

од desk2

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниската говорница му се заблагодари на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески затоа што конечно пред целата македонска јавност признал дека цели три месеци автопатите Миладиновце-Штип и Кичево-Охрид биле свесно кочени, а не како што ја манипулирал јавноста дека била промашена трасата или некој друг проблем.

Димовски посочи дека самиот Сугарески со новиот предлог-закон, со кој бара продолжување на рокот за изградба, јасно се гледа дека не се потребни никакви дополнителни финансиски трошоци за автопатите или корекција на трасата, единствено само се продолжува рокот на изградба бидејќи СДСМ автопатите ги стопирал и се обидел да ги искористи овие важни инфраструктурни проекти во политичка кампања./Макфакс

Слични содржини