По повлекувањето на премиерот Никола Груевски од функција Премиер на негово место нема да застане ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ кој во моментов извршува министерска, претеничка или некоја друга значајна политичка функција, туку на негово место ќе застане лице кое не е на таква функција, истакна Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5.

димовски

-Ова е ситемско решение кое што ќе влезе во македонското законодавство и ќе важи не само за овеи избори, туку ќе важи за сите наредни парламентарни избори . Тоа значи дека доколку премиерот кој што бил премиер во претходниот мандат повторно се натпреварува и е претседател на партија, пред избори ќе треба да се повлече во рок од 100 дена. Партијата ќе си постапува врз база на статутарните одлуки да одлучи кој ќе биде тој човек кој што ќе ја ракводи владата во тие 100 дена, но можам да потврдам дека ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ на министерска, претеничка или значајна политичка функција која што сега ја обавува нема да биде тоа. Односно ќе биде лице кое што не обавува таква функција, рече Димовски.

За Груевски, Димовски рече дека ќе биде претседател во изборниот приод и ќе биде целосно посветен на контактите со граѓаните, подготовката на партијата, програми, средби и дека ќе ја однел ВМРО-ДПМНЕ во една од најголемите победи досега.

Слични содржини