Дипло ѝ се налути на Кејти Пери за љубовното рангирање

од Vladimir Zorba

Диџејот од САД Дипло го “возврати ударот” на пејачката Кејти Пери, откако таа го стави на последно место на листата со поранешни љубовници, соопшти Контактмјузик.

Во интервју со Џејмс  емитувано во текот на викендот на нејзиниот канал на Јутјуб, изведувачката ги рангираше тројцата познати поранешни свои партнери. На прво место Кејти Пери го стави пејачот Џон Мејер, на второ – актерот Орландо Блум, а на незавидното трето место – Дипло, потсетува весникот.

Како одговор на “бронзениот медал”, награден од Пери, диџејот напиша на Twitter: “Добив бронзен медал во секс олимпијада … а дури и не се сеќавам да сум имал секс”.

Слични содржини