Директен судир на возило Фијат Пунто  кое во спротивен правец и на полна линија,   престигнувало и удрило  во возило„ шкода “, кое пак  било  управувано од  лидерот на ДС Павле Трајанов. Од судирот се повредени 4 лица и се префрлени  на клиники.

На 28 ( САБОТА ) мај 2016 година, во 16:15 часот, на автопатот Скопје -Гевгелија, во близина на мостот на Водисирска Река, се случи сообраќајна несреќа, кога едно возило престигнувало цела колона , на полна линија и директно удрило во друго возило кое се движело во својата лента.

Претседател на ДС Павле Трајанов, управувал  со автомобил Шкода, при што се движел на неговата десна страна  на патот Скопје -Гевгелија. Во исто време од спротивната страна имало колона од автомобили и товарни возила, при тоа во обид да престигне , возачот со Фијат Пунто, на полна линија, преминал на левата страна од коловозот и директно удрил во Шкодата.Според трагите на кочење Пунтото се движело со голема брзина.павлер  сооб

Во несреќата повредени се четирти лица и на сите им е укажана лекарска помош. Пратеникот Павле Трајанов  иако се обидел да избегне и се залепил на крајната десна страна и речиси целосно го сопрел возилото , никако неможел да ја избегне несреќата. Трајанов не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале  повреди,  биле префрлени во клиниките,  а потоа сите пуштени на домашно лекување.

Слични содржини