Директоратот за проширување на ЕК со порака – Иванов и лидерите на партиите да го почитуваат парламентарното мнозинство!

од Vladimir Zorba

Демократскиот процес во Македонија мора да продолжи по својот пат, а сите учесници мора да се воздржуваат од поттикнување меѓуетнички тензии, негативна реторика или насилство, порачува Џеновева Руиз Калавера, генерален директор за Западен Балкан при Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија.

– Многу сум загрижена заради последните случувања во Поранешната југословенска Република Македонија. Комесарот Хан и високата претставничка, потпретседателката Могерини, како и пратениците во Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, беа многу јасни – сите лидери на земјата вклучувајќи го и претседателот мораат да ги почитуваат резултатите од последните избори. Во демократијата мора да се почитува парламентарното мнозинство иако некому не му се допаѓаат резултатите. Демократскиот процес мора да продолжи по својот пат. Дополнително сите учесници мора да се воздржуваат од потпалување каков било облик на меѓуетнички тензии, негативна реторика или поттикнување на насилство. Очекувам политичките лидери, вклучувајќи ја и новата влада да ги применат сите делови од Договорот од Пржино и итните реформски приоритети како би ја вратиле земјата назад на нејзиниот пат кон ЕУ. Тоа е она што граѓаните го посакуваат и го заслужуваат. Се радуваме на заедничката работа со новата влада, вели Руиз Калавера во интревју за „European Western Balkans“ запрашана за ситуацијата во Македонија.

 

Слични содржини