Санкции за средношколците кои ја бојкотираат наставата. Директорот на битолското средно техничко училиште е првиот кој јавно проговори за мерките кои како можност стојат на располагање


Ќе добијат неоправдани изостаноци, информира Телма. Сите одсуства се запишуваат. Ќе биде утврдено дали се оправдани или не , па според правилникот ќе добијат педагошки мерки, вели Драган Стојановиќ директор на средното техничко училиште од Битола.
Заканите од овој тип за сега немаат голем ефект кај средношколците. Остануваат на барањето за средба со минсиетрот Адеми да ги повика на дебата, а потоа да ги повлече измените во полагањето на државната матура./Повеќе на Телма

Слични содржини