Директорот на ФБИ загрижен поради формирање „терористичка дијаспора“

од Vladimir Zorba

 

Директорот на ФБИ, Џејмс Коми денеска во Конгресот на САД изјави дека полицијата и разузнавачките агенции се уште се многу загрижени поради можноста припадниците на екстремистичките вооружени групи од Сирија и Ирак да заминат во други земји, со цел да вршат терористички напади.

arebels_01-jpgcd42ffff-1fb8-40c1-97e3-b33e4ec50929large

Тој истакна дека бројот на Американци, кои заминуваат во Сирија да се борат во редовите на Исламска држава, е значително намален минатата година, но како што ќе се уништува т.н. Калифат, така голем број екстремисти од западните земји, кои се веќе таму, ќе почнат да го напуштаат регионот и ќе претставуваат нова закана.

– Во следните две до пет години ќе биде формирана терористичка дијсапора, каква што немаме видено досега, нагласи Коми.

Слични содржини