89
Централната изборна комисија на Косово го прифати предлогот на Канцеларијата за регистрација на политички партии за дисквалификување на 85 кандидати за локалните избори, закажани за следниот месец. Според информациите добиени од Врховниот суд на Косово овие кандидати во последните три години биле правосилно осудени за кривични дела. Критичарите на оваа одлука тврдат дека законот за избори не е доволно јасен и дека сите кривични дела ги квалификува како пречка за учество на изборите. Во минатата недела, амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД побараа од ЦИК да го спречи учеството на правосилно осудените на претстојните локални избори.