Дизајнер изградил тајно студио под мост во Валенсија

од desk2

Самоукиот дизајнер Фернандо Абеланас изградил таен простор за живеење под мост прекриен со графити во шпанскиот град Валенсија.

Пртоа користел бетонска конструкција, го обликувал покривот и ѕидовите на своето скривалиште.

Освен просторот го осмислил и мебелот и осветлувањето, а изградбата на студиото од метал и дрво траела само две недели.

Иако не сака да открие под кој мост точно се наоша неговото скривалиште, признава дека преферира проектирање куќички на непознати локации.

„Многу ме привлекуваат вакви места, а значително зависам од условите кои ми ги нуди местото“, вели тој за магазинот Dezeen. “Тоа беше лична интервенција со која на ваков простор се обидов да му дадам вредност, а исто така и да ги ожевеам оние чувства кои ги доживувавме како деца кога се криевме. Изолирани сме, а истовремено близу нашата куќа или градот“.

Благодарение на тркалата и рачката во студиото тоа може да се двиќи под мостот такашто ги допира неговите бетонски столбови на кои дизајнерот поставил дрвени полици и плоча која претставува маса.
Студиото има столица, кревет и лампа, па во него може да се престојува и ноќе, додуша над пат по кој постојано поминуваат возила.

Фернандо вели дека не е тоа идилично место на сред природа туку мал простор за да избега од градската врева, а минувачите ретко го забележуваат.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=iYLYROTyrp0

Слични содржини