Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев попладнево поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. До 15 часот, според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), единствено НДМ поднесе листи за предвремените избори.

ndm

Во ДИК ги разгледуваат листите поднесени од Бачев.

Претходно денеска од ДУИ и СДСМ информираа дека нема да поднесат кандидатски листи, од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА немаше информација дали и кога ќе поднесат листи.

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Одложено судењето за “Диво насеље” поради просторни и безбедносни услови

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа. /МИА

Слични содржини