Во киносалата на Советот на Европа во Стразбур вечер ќе биде прикажан филмот „До балчак“ на режисерот Столе Попов, во рамки на одбележувањето на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија кон Советот на Европа.

do-balcak-poster-640x320

На проекцијата, која ја организира Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, ќе присуствува актерот Сашко Коцев кој во филмот ја игра главната машка улога.

Слични содржини