До крајот на месецов нови претседатели на Врховен и Кривичен

од Vladimir Zorba

Судскиот совет прифатил дел од приговорите за оценките на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд и со тоа била извршена корекција во бодувањето на нивниот труд.
Седницата се одвиваше зад затворени врати, а претседателот на Советот, Зоран Караџовски, не дозволи јавност и присуство на судијката Лидија Неделкова, кандидат за претседател на Врховен, која побара лично да го образложи својот приговор.
„Секој кандидат доколку сака, може јавно да ги обзнани. Тоа е негово лично наоѓање дали таа ќе ги обзнани или кој било друг судија да ги објави решенијата што ги добива. Бидејќи се од доверлив карактер не можеме ние јавно да ги обзнаниме бидејќи би повредиле еден закон. Тоа е Законот за класифицирани информации бидејќи имаат степен на доверливост на решенијата, а доколку некој од кандидатите сака да го обзнани неговото решение, тоа е негова работа“.
Неделкова во изјава за 24 Вести вели дека ѝ било одземено правото да побара одговор од Советот зошто при оценувањето Советот не ги зел предвид нејзините објавени научни трудови и зошто постои еден аршин за оценување на претседател на Врховен и на основен или апелационен суд кога функцијата претседател на Врховниот суд е единствена и тој го претставува судството во државата и во меѓународните институции.“ – вели Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет.
„Јас барав јавност во делот на разгледување на мојата оценка и не знам зошто тоа не е дозволено бидејќи не постои друг механизам кој може да го коригира она за што одлучува Советот “, – вели Неделкова.
Актуелната в. д. претседателка на Врховен и кандидатка за претседател на Судот, Снежана Бајлозова, не сакаше да го коментира оценувањето. Покрај Неделкова и Бајлозова, во трката за Врховен се и поранешниот претседател Јово Вангеловски и судијката Беса Адеми.
Караџовски не сакаше да каже дали судијата Владимир Панчевски, кандидат за претседател на Кривичен, поднел приговор или е задоволен од оценката, откако во јавноста се појавија информации дека тој добил повисока оценка во споредба со последната оценка која ја имал. Неговиот противкандидат Иван Џолев имаше приговор во делот на бодувањето. Конечниот избор се очекува да биде направен до крајот на месецов. /24Vesti

Слични содржини