Кој од предметите кои произлегуваат од прислушуваните разговори прв ќе биде на маса во Специјалното јавно обвинителство ќе се знае до крајот на неделата. Катица Јанева потврди дека ги добила податоците од Скопското Јавно обвинителство околу бројот на предмети кои досега се отворени по што ќе направи анализа и ќе донесе одлука кој предмет е приоритетен и прв ќе го преземе.Секако тој е дел предметите и кривичните кои произлегуваат од „ Бомбите“.

суд правда

Што се однесува до нашето барање упатено до Јавното обвинителство на Република Македонија, потврдуваме дека од нивна страна доставен е одговор и во овој момент ги анализираме доставените податоци со цел да утврдуваме кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе.

Јавното обвинителство пред неколку дена извести дека на Јанева и доставиле статистички податоци за 35 предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори коишто ги објави опозицијата против високи функционери на власта. Но освен веќе оформените предмети до Јанева се апелираше да преземе и други предмети. Монструм, Маѓар Телеком, Диво Насеље исто така би можеле да бидат дел од истрагите кои ќе бидат во нејзина надлежност откако дел од адвокатите кои ги застапуваат обвинетите во овие случаи тврдеа дека постојат телефонски разговори и за нив. Околу случајот Монструм но и Шпион, А1, лидерот на СДСМ Зоран Заев за порталот Скај мк вели дека се што поседува ќе и достави на Јанева.

Сите материјали ќе ги доставиме до Специјалното јавно обвинителство. Во врска со начинот на предавање на материјалите, ќе постапиме според закон, како што ќе побара специјалната обвинителка.

Специјалната обвинителка во последното  соопштение информира и дека заедно со министерството за правда подготвиле и Предлог закон за јавно обвинителска функција.

Предлог законот за јавно обвинителска служба е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар. Изготвен е врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство.

Јанева бара Предлог законот владата веднаш да го одобри и во итна постапка да влезе во собраниска процедура.

Таа најавува и отвореност и транспарентост и до крајот на неделата уште едно соопштение во кое ќе информира за работата и преземените активности на специјалното обвинителство кое таа го води.

Слични содржини