Во Линдо крило од болницата Сент Мери во Лондон денеска пристигнаа високи кралски помошници. Исто така, е забележано многу поголемо присуство на полицијата.

Попладнево во Линдо крило болница во Сент Мери во Лондон пристигнаа високи кралски помошници, поради гласините дека кралското бебе ќе се роди токму денеска. Исто така, во предниот дел на болницата пристигна и прес-службата на кралското семејство со што дополнително се добива впечаток дека работите се вжештуваат, јавува Дејли мирор.

Lindo Wing Hospital

Гласините дека бебето излегува на свет започна утрово кога во болницаат дојдоа членови на безбедноста на кралското семејство, кое беше забележано, а имаше и зголемено присуството на полицијата и полициски кучиња, кои се уште ја обезбедувааат областа околу болницата.
Кејт Мидлтон безбедно беше пренесена во болницата пред три дена со оглед наа информациите дека кон крајот на април таа треба да се породи.

Слични содржини