Добра кохабитација: По стапките на Заев, Иванов иницира договор за стратешко партнерство со Бугарија

од desk4

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на денешната заедничка прес конференција со бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека на денешната нивна средба била отворена темата за иницијатива склучување на договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Бугарија.

-Таков договор Македонија веќе има со САД и со Турција. Сметаме дека овој договор ќе ја потврди определбата за блиски односи меѓу нашите две земји, рече Иванов.

Иванов и Радев разговарале и за Стратегијата за проширување на ЕУ, и како што истакна македонскиот претседател релани се можностите на Македонија за време на претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ и дека реално е да очекуваме покана за членство во НАТО на Самитот кој ќе биде летово.

Слични содржини