153
Делови од рускиот авион кој падна во Египет донесени се во Москва каде руските експерти ќе вршат испитување дал содржат остатоци од експлозив.
Министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков рече дека експертите се уверени дека ќе најдат траги од експлозив ако авионот паднал на Синајскиот полуостров поради експлозија на бомба, пренесоа руските новински агенции.
Американските и британските експерти рекоа дека стравуваат дека експлозија на бомба е причина за падот на авионот во саботата, кога загинаа 224 луѓе.