Додека се прави нов концепт за законот за култура, „Скопје 2014“ под скен

од Vladimir Zorba

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, најави за 20 дена нов концепт за новиот закон за култура. Според него, за сега е битно усвојувањето на стратегијата за развој на културата. Веќе се формирани неколку работни групи кои ќе работат на акцискиот план на имплементација на стратегијата.

Во врска со проектот „Скопје 2014“ посочи дека претставува вирус, кон кој се однесуваат крајно внимателно и не брзаат со акциите.

– Елаборатите се изработени, предадени. Остранувањето на малите статуетки и илјадниците копии на кичот „Скопје 2014“ кои се наоѓаат по нашите музејски институции и со сувернирниците исто така чекаат за акција. Секако дека таа акција треба да биде добро обмислена. Евалуацијата на Музејот на ВМРО ќе биде изработена до крајот на идната недела и тој елаборат ќе биде доставен до нас и ќе обзнаниме во јавноста. Во однос на останатите проекти се уште не преземаме никакви други активности, рече Алаѓозовски.

Носењето на новиот закон за култура, е важен сегмент во подобрување на стандардот на културните работници. По усвојувањето на Законот ќе започне социјален дијалог за Нов колективен договор, така што во 2019 година, културата ќе влезе со сосема нови закони и нов колективен договор. Со оглед на големите импликации во буџетот на Република Македонија, останува можноста комплетната финасиска имплементација на Колективниот договор да биде реализирана во неколку фази.

Слични содржини