Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

од desk2

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор советот (Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 н.з.) ги определил незаконски, значи две третини од решението е незаконско, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

– Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме дека решението за притвор е незаконито и во останатиот дел. По добивање на решението ќе објавиме подетални чекори на одбраната. Угледот на сопственикот на „ТВ Нова“ ќе биде заштитен – изјавил Додевски.

Апелацискиот суд попладнево го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство. Второстепениот суд делумно ја уважи жалбата на одбраната, со оценка дека останатите причини поради кои му е одреден притвор на Кочан, односно дека ќе влијае на истрагата и дека постои опасност од повторување на делото, не се исполнети.

Бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана меѓународна потерница./Мета

Слични содржини