Додик повикан на сослушување во обвинителството во врска со референдумот во РС

од desk3

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е повикан на информативен разговор во својство на осомничен во предмет во врска со одржување на референдумот за Денот на РС, јави Фена.

56a9e453-b53c-498a-833f-0ea90a0a0a80-dodik-tuzilastvo-700x402
Во Обвинителството и е потврдено на агенцијата дека Додик е повикан да сведочи во предмет што се однесува на неизвршување одлуки на Уставниот суд на БиХ. Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека во врска со тоа собира одредени докази и неколку лица ќе бидат повикани на сослушување.

Весникот Дневни авз повикувајќи се на извори во Стејт департментот објави дека САД бараат санкции за организаторите на референдумот во РС. – Тие кои ги поткопуваат дејтонските институции мора да се сметаат за одговорни за своите дестабилизирачки акции, објави весникот./МИА

Слични содржини