Вчерашната изјава на амбасадорите, во која ги посочија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како виновници за неуспехот на Договорот од Пржино, е само потврда на тоа што ние го кажавме во саботата, велат од СДСМ.

pulsschlag-herzschlag-d75241654

Од опозициската партија брифираат дека билатерални средби сè уште се одржуваат, но нема никаков напредок, а според нив, очигледно е и дека рокот за специјалниот обвинител е поминат затоа што сè уште не се избрани сите помошници, а ниту тие што се избрани не положиле заклетва.

– ВМРО-ДПМНЕ сака извршните позиции во МВР да останат статус кво. Тие немаат проблем со ветото ниту, пак, да ни го дадат нам. Очигледно е дека изборите ги крадат преку МВР и затоа не сакаат да се согласат на промени – велат извори од СДСМ.

Оттаму додаваат дека и тие, како и ВМРО-ДПМНЕ, сакаат народот да одлучи кому да му ја даде довербата, но тоа да биде на фер и демократски избори.

Слични содржини