Работните групи на политичките партии денеска продолжија со преговорите за реформи во медиумите, како дел од Договорот од Пржино, и за Рамковниот договор.

johanes-han-540x356

Пратениците вчера го изгласаа составот на новата влада, а пред неколку дена го усвоија и изборното законодавство.

Сепак, остануваат уште низа чекори што треба да се направат за да може целосно да се спроведе договореното:

  • Договор за медиумите во работните групи;
  • Специјалната обвинителка Катица Јанева почна со работа на 9 ноември, а првиот извештај до Собранието треба да го поднесе за шест месеци;
  • Премиерот Никола Груевски треба да си поднесе оставка 100 дена пред изборите;
  • По стапувањето на сила на изборните закони, Собранието има рок од пет дена да распише оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија. Во ДИК ќе има вкупно девет членови, а како што договорија работните групи, комисијата ќе биде составена од тројца членови од власта, тројца членови од опозицијата и од тројца експерти;
  • Како што беше договорено на средбите на работните групи, пред изборите ќе мора да се направи и прочисување на избирачкиот список. Дел од „чешлањето на списокот“ ќе биде теренски спроведен, а дел преку вкрстување на податоците од базите на државните институции;
  • Сè уште не е поставен конкретен рок во кој работните групи треба да дебатираат за спроведувањето на Рамковниот договор.

META

Слични содржини