Грчкиот премиер Алексис Ципрас го заштити договорот постигнат со меѓународните кредитори и изјави дека тоа мора да биде исполнето, пренесоа Kathimerini.20150714.terjpkouqg

“Јас преземам целата одговорност за грешките и за недоследностите како и целата одговорност за потпишувањето на текст во кој не верувам, но кој сум должен да го исполнам”, изјави Ципрас.

Премиерот на Грција, додаде дека се борел  за платите и пензиите во земјата да не бидат намалувани, додавајќи дека постигнатите фискални прописи во договорот, се помеки од оние договарање во минатото. “Јас нема да побегнам од одговорност и ќе се обидам да го исполнам својата политичка програма во рамките на 4-годишниот мандат. Вистината е дека оваа е еднонасочна улица за Грција  и  ни беше наметната “, додаде Ципрас. Тој, сепак, рече дека банките во земјата може да останат затворени, иако тешко постигнатата спогодба со еврозоната,  е постгната пренесе AFP.  Отворањето на банките зависи од одобрувањето на договорот што ќе потрае цел месец. Се надевам дека во меѓувреме ЕЦБ ќе го подигне нивото на вонредната ликвидност за банките “, изјави Ципрас.

Слични содржини