ЕУ сепак го постигна посакуваното – најде некакво решение на бегалската криза. Засега. Пактот со Турција беше последната надеж на канцеларката Меркел. Но реализиран со премногу висока цена, пишува DW.

0,,19126283_303,00

Договорот со Анкара е еден вид политички успех за германската канцеларка. Тоа го намалува донекаде внатрешно-политичкиот притисок врз неа и истовремено ја обединува Европската унија. Испитувањата покажуваат дека одобрението за политиката на Меркел веќе повторно се зголемила и таа ќе може да ги неутрализира ударите оддесно со аргументот дека приливот на бегалци кон Германија е ефективно запрен. Покрај тоа, ќе го поврати авторитетот во ЕУ, бидејќи успеала да го спаси единството на Унијата.
Но по која цена Европа го постигна овој договор со човечки животи! Одговорноста за заштита на голем дел од бегалците од Блискиот и Средниот Исток едноставно се префрла врз Турција. Тоа е политичка зделка од ужасен изглед. На хартија претседателот Ердоган се обврзува да ги исполнува меѓународните обврски и да ги признава правата на бегалците во согласност со Женевската конвенција. Само што кога автократот во Анкара ги одржувал ветувањата?

„Дедо астронаут‟ сака да стане Американец со најдолг престој во Вселената

И ако тој почне да ги враќа луѓето во Сирија и Ирак, иако тоа да е изрично забрането, ЕУ веќе нема да има политички лост кој да го одврати. Исто како и ако Ердоган едноставно ги остави бегалците да гладуваат и просат по улиците на Измир или Истанбул. Гарантирана ли е визната либерализација, што е и најжешката желба на Анкара, Европејците ќе се претворат само во гледачи на оваа драма ?

Тоа ли е новата реална политика?

Тогаш тие ќе можат веројатно да ја критикуваат турската влада и да ја потсетуваат за склучениот договор – но султан Ердоган едноставно ќе им се изсмее. Така, како што и немарно ги игнорира и сите предупредувања да ги почитува слободата на говорот и правата на опозицијата или пак да ги обнови мировните преговори со Курдите.

Европа ја префрла на Турција одговорноста за фундаменталните права на бегалците. И тоа ќе ја чини губење на довербата и меѓународен авторитет. Како ЕУ ќе се залага во иднина за почитувањето на човековите права и демократските вредности во земји со диктаторски и автократски режими, откако самата таа насила се прави да изгледа бедна и ранлива во очите на другите?
Европската унија ќе загуби две од највредните политички квалитети -својата мека власт (по Џозеф Нај – Soft Power) и својата благонадеждност. И причината за овој беден спектакл се неспособноста да се надминат националните егоизми и стравот од десните популисти. Ако ова е новата супер реална политика, подготвена по потреба да склучи договор со ѓаволот, тогаш оваа политика е сила, уривање на она што би требало да го зачува.

Задачата е извршена?

Претседателот Ердоган победи во оваа зделка со политичко признание за својот антидемократска курс. Тој ја води земјата се подалеку од Европа и покрај тоа може да е задоволен од можноста за обновување на преговорите со Турција. Патот надолу – кон една завршена диктатура – веќе нема да може да биде запрен. Во секој случај не од ЕУ.

За возврат Европа станува недостапна тврдина за многу бегалци. Некои ќе речат дека со тоа европските лидери ја исполниле својата задача. Други горко ќе жалат загубата на хуманоста и основните права.

Надвор практичните проблеми пред спроведувањето на договорот и правната ранливост, снимките на сириски бегалци, заглавени во пограничните региони на Турција, или на Ирачани и Авганистанци, залудно бараат во нив заштита, ќе продолжат да не прогонуваат. Критиките на правобранителски организации остануваат во сила: овој пакт е опасен, незаконски и нечовечки.

Слични содржини