Договорот на лидерите од еврозоната за зачувување на местото на Грција во Еврозоната не значи само нови милиадри за Атина, туку  и предвремени парламентарни избори. Во 9,40 наутро премиерот на Белгија напиша на Твитер само еден збор: “Договор”.

evrogrupa

Шарл Мишел беше првиот кој  ја “издаде” веста од кујната во Брисел . Преговорите на самитот на заедничката валута продолжија 16 часа и 40 минути а пред тоа  претходеше петчасова седница на финансиските  министри. “Денес имавме една задача да постигнеме договор и по 17 часа преговори ние конечно го постигнавме “, рече на прес-конференција Доналд Туск, претседател на Европскиот совет. “Постигнавме договор … Нема да има Grexit. Задоволни сме од резултатот кој го постигнавме”, објави и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. “Грчкиот парламент ќе  усвои забрзани закони потребни пред да започнат преговорите за нова алатка за земјата “, соопшти претседателот на Еврогрупата Јерун ДеЈселблум. Договорот вклучува фонд во кој Грција ќе поднесе државни средства, приходи од чија приватизација ќе служат за намалување на долгот на земјата, објасни тој. Во исто време политичари од владејачката СИРИЗА објавија во Атина, дека не е чудо тоа да го отфрли изречениот  германски модел договор и тоа да помине низ парламентот со гласовите на опозицијата. Тој предвиде влада на национална согласност и најверојатно предвремени избори наесен.

Слични содржини