Договорот за пријателство на Бугарија со Република Македонија официјално стапува на сила

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот за правнитереформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, ќе потпишат Протокол за размена на документи за ратификација со кои влегува на  сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Церемонијата ќе се одржи на 14 февруари во Советот на министри. Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, а во почетокот на оваа година беше ратификуван од парламентите на Бугарија и на Република Македонија.

Потпишувањето на Протоколот со  размена на документи за ратификација ја комплетира постапката за негово стапување во сила.

Слични содржини