Дојде време за жена на чело на ОН!

од Vladimir Zorba

Во трката за новиот генерален секретар на ООН, Бугарија ја номинираше европската комесарка Кристалина Георгиева. Макс Хофман и Барбара Везел наведуваат пет причини поради кои Георгиева е можеби најдобриот кандидат, информира DW.

18009540_303

По долго чекање, Кристалина Георгиева успеа: бугарскиот премиер Бојко Борисов ја именуваше за кандидат за функцијата генерален секретар на Обединетите нации. За да може да се кандидира, шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер, ја ослободи од обврските како потпретседателка на ЕК. Неофицијално, сега е редот, на чело на ОН да застане жена од источна Европа. Во продолжение следуваат барем пет причини поради кои Кристалина Георгиева е можеби најдобриот кандидат.
Поради нејзината личност:
Оној кој имал можност да се сретне со неа на официјални или неофицијални средби, на состаноци или конференции помеѓу Прага и Брисел знае: добиваш тоа што гледаш. Георгиева е автентична. Таа е енергична, го кажува своето мислење и внимателно ги слуша соговорниците. Може да биде и духовита и на лицата на присутните да предизвика насмевка, дури и на сериозните еврократи. Георгиева е во состојба да биде духовита и за време на буџетските расправи што ја прави мајстор за реторика.

Во секој случај, таа би била во состојба да внесе неколку нови аспекти во дијалогот во ОН. Истовремено, бугарката е бескрајно вредна и одлучна. Нејините најблиски соработници од Брисел ја опишуваат како несопирлива. Сите во нејзиниот кабинет се помлади од неа и се трудат да го следат нејзиното темпо. Таа успева за два денови да патува низ седум временски зони, но и понатаму да остане бидна и присутна. Корисни способности за генерален секретар на ОН.

Затоа што доаѓа од источна Европа:

Јасен аргумент е и тоа дека генералниот секретар на ОН никогаш не бил од просторите на источна Европа. Но тоа не е се што говори во прилог на Бугарката. Источна Европа има однос кон проблемите со кои се соочени Европа и светот. Татковината на Георгиева е на самата линија на фронтот на бегалската криза, сосед е на Турција и е одалечена само 1.500 километри од Алепо, симболот на застрашувачката војна. Бугарија се наоѓа и во близина на Молдавија и Украина, земји кои се во конфликт со Русија.

Георгијева го доживеала падот на „железната завеса“ и промената во источна Европа. Таа има подршка од многу земји во регионот. Дури и за Москва, таа би можела да биде прифатливо решение. Таму живеела две години додека работела за Светска банка. Оваа економистка добро говори руски и има добри конекции со Русија – таа се состанувала со претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Доколку тие двајца навистина сакаат некој од источна Европ да биде на функцијата во Њујорк, тогаш Кристалина Георгиева е кандитатот со најголеми шанси да добие поддршка од конкурентскиот табор во Обединетите нации.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини