Докиќ: Секој трет Македонец има алергии

од desk2

Трендот со алергии зема сè поголем замав, така што во 2018 година, речиси секој трет, четврти Македонец ќе има некаква алергиска манифестација, изјави денеска проф. д-р Дејан Докиќ, на промоцијата на учебникот „Алергологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје.

– Алергиите во Македонија, земајќи ја предвид претходната епидемиолошка студија од Институтот за медицина на трудот од 2003 година, имаат тренд на двојно зголемување, од 11,5 проценти сега имаме 25,1 процент, а годинава овој тренд ќе биде уште поголем -рече Докиќ.

Според него, тоа се огромен број пациенти и оттука произлегол притисокот и потребата да се направи еден ваков учебник, каде што ќе можат сите лекари да се справат со се поголемиот прилив на пациенти кои имаат алергија.

Околу 90 отсто од алергиите припаѓаат на два вида, вели Докиќ, а тоа се полен од трева и корови, и алергени од домашната прашина.

Слични содржини