ДОЛЖНИЧКИ АМБИС: Дали ја знеме вистината за сите долгови?

од Vladimir Zorba

Од јануари до септември, Јавениот долг е зголемен за повеќе од половина милијарда евра. На крајот од третиот квартал од годинава, нивото на Јавен долг достигна 4 милијарди и 750 милиони евра или 50,6 отсто од Бруто домашниот производ, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Според податоците од Министерството за финансии пораст има кај државниот долг кој од 37 отсто од БДП во вториот квартал, сега е зголемен на 41,9 отсто.denari-pari

(Не)одржливост на јавниот долг ..

Сегашното ниво на Јавен долг е највисоко што е измерено досега и предизвика лавина реакции во економските и политичките кругови. Интегрално, пренесуваме дел од тие ставови.

Томе Неновски, универзитетски професор:

“Јавниот долг варира, нагоре или надолу, во зависност од големината на задолжувањата на државата. Овој најнов продаток за задолжувањето што го соопшти Министерството за финансии, е резултат на задолжувањето што пред неколку месеци го направи државата со издавење на новата Еврообврзница. Ние сега на тој начин ја надминуваме онаа граница кои некои ја нарекуваат “психолошка граница“, од друга страна пак за месец или два државата треба да отплати од 150 до 160 милиони евра кон странство по основ на доспеани обврски и со ова повторно ќе се вратиме под оваа “психолошка граница“ од 36% до 47%. Во однос на Јваниот долг, нема економист кој ќе ви каже, односно ќе даде оценка дали треба да се зголемува или дали треба да се намалува, ако тој се користи за продуктивни цели, односно за напредување на состојбите во економијата и давање на можност на економијата да направи поврат на вложените пари преку раст на БДП, односно создавање на додадена вредност за да може да се отплаќа тој долг во претстојниот период, и се разбира да може да се спроведе една фискална консолидација во годините што ни претстојат и за ова Министерството за финансии е потребно да направи соодветна стратегија. Во светски рамки, големината на Јавниот долг на некој начин се мери со големината на националното штедење“ вели за Portalb.mk, Неновски.

Марјан Петрески, универзитетски професор:

Позајмувањето средства од меѓународниот пазар преку последната еврообврзница од 450 милиони евра. Проблемот не е висината на долгот, проблемот е неговата намена, односно трошењето на овие средства често беше за алиментација тековните потреби, односно зголемените пензии и социјалата. Тоа е линијата на неодржливост на јавниот долг. Очекувам дека после изборите, ќе настане вразумување, без оглед кој ќе ја формира Владата, односно свесноста за фискалниот меур или меурот на јавниот долг ќе биде висока и ќе се води политика на стабилизација на јавниот долг околу сегашното ниво и позајмување за строго наменски цели. Ова го кажувам од причина што и двата политички кампуса во овој предизборен период се расфрлаат со најразлични ветувања, па би било добро да им укажат на граѓаните и како сите тие трошења ќе се финансираат, за да се постигне целта за стабилизирање на долгот“ вели заPortalb.mk, Петрески.

Ванчо Узунов, универзитетски професор:

“Продуктивноста се намалува, а пензиите и платите растат. Ова не може а да не резултира со зголемување на задолженоста, и таа е таа “отворена“ задолженост, за која ние секојдневно гледаме податоци дека таа расте. Вториот дел е таа “скриена задолженост“ која ги опфаќа оние ефекти кои ние сега воопшто не ги гледаме, тоа се сите тие исплатени субвениции, за нови работни места, за земјоделското производтво, кое патем опаѓа а не расте, односно расте увозот на храна, и други такви скриени трошоци кои кога ќе с еотворат во иднина ќе го зголемат уште повеќе долгот на Македонија, и состојбата ќе биде уште подраматична. Така што нивото на Јавниот долг повеќе не е одржливо а ние црвената линија ја преминавме оддамна. Гледано механички, само како бројка, ние сеуште спаѓаме во групата на умерено задолжени економии, но анализирано според капацитетот на економијата да може да ги враќа овие долгови, ние од поодамна сме презадолжени затоа што тие пари што се земени со задолжување не се потрошени за цели и објекти кои што во иднина ќе значат зголемена конкурентност а со тоа и способност на економијата да може да ги враќа долговите во иднина“ вели за Portalb.mk, Узунов.

Министерството за финансии:

“Согласно Еуростат, македонскиот државен долг е меѓу најниските во Европа. Двојно е помал од европскиот просек, а во регионот само Бугарија има помал долг од Македонија. Така, ако државниот долг на Македонија по издавањето на еврообврзницата изнесува 41,9 отсто, на Црна Гора е 61,8 отсто, на Албанија 69,8 отсто, на Србија 71,9 отсто, на Словенија 82,3 отсто, на Хрватска 84,5 отсто, а на Грција 179,2 отсто. Две милијарди евра или скоро половина од долгот на државата се оставени од владата предводена од СДСМ – на кои капитални проекти се потрошени тие кредити. Оваа Влада зема 350 милиони евра кредит од ЕИБ за да ги поддржи малите и средните претпријатија во време на светска економска криза. Зема кредит за да ја изгради инфраструктурата во земјава, три автопати, да се реконструира и изгради железницата во која со децении не се инвестирало, да се изградат болници, училишта, градинки. Сето ова се капитални добра кои креираат нови работни места, го придвижуваат економскиот раст и создаваат трајни вредности за граѓаните. Од тој аспект, зошто секогаш кога СДСМ зборува за државниот долг заборава да го спомне фактот дека за овие десет години бруто домашниот производ, кој е најрелевантен фактор за економскиот развој на земјава, е удвоен.

Драган Тевдовски, универзитетски професор, СДСМ:

“Загрижувачка е брзината со која актуелната власт го зголемува долгот. Долгот по жител денес изнесува 2.350 евра и тој е за три пати поголем во однос на 2008 година кога изнесуваше 750 евра по жител. Во периодот од 2008-ма година, актуелната власт ја задолжува Македонија со по 1 милион евра на ден, односно го задолжува секој жител со по просек пола евро на ден. Оваа година, во 2016 година, темпото на задолжувањето е уште посилно и изнесува скоро 2 милиони евра на ден, односно 1 евро на ден по жител. Згора на се јавниот долг е поголем од тоа што го кажуваат бројките на Министерството за финансии, бидејќи тие не го вклучуваат долгот на Народната банка, негарантираните долговите на јавните претпријатија и превземените, а неплатени обврски од страна на државата. Нашата намера е да се откажеме од непродуктивните трошења за фасади, споменици и административни згради. Ние нема да дозволиме владини претставници да користат по 5 возила од администрацијата, туку напротив до работа и од работа и тие ќе одат со сопствено возило како и секој друг вработен во овие институции“. вели за Portalb.mk,Тевдоски.

При обелоденување на новите ревидирани податоци за економските очекувања годинава, и за догодина, на прашање за коментар во однос наЈавниот долг, гувернерот Димитар Богов кусо изјави дека е потребна консолидација на јавните трошења.

Слични содржини