ДОМ го поздравува договорот за разрешување на политичката криза во Македонија и го смета за основа за демократизација на земјата. Договорот содржи повеќе елементи за политичка кохабитација и споделена одговорност во транзициониот период: преодна влада, враќање на опозицијата во парламентот, јавен обвинител кој ќе ги истражи прислушкуваните разговори, суштинска контрола на важни институции, подготовка и спроведување на демократски и слободни избори.

DOM_zname

ДОМ уште на почетокот на кризата се залагаше за мирна разврска низ дијалог, за што конкретно придонесе и со своето излегување од владината коалиција. Задоволни сме што и нашите заложби, заедно со заложбите на целата македонска демократска јавност, се на пат да се реализираат.

Договорот е широка политичка рамка, но ДОМ очекува дека при нејзиното спроведување ќе сопрат редица негативни процеси. За нас е особено важна еколошката компонента и затоа ДОМ бара во овој транзициски период да запре сечата на дрвја во градовите и по планините и да се донесе Законот за зеленило со консензус! По две одбивања на нашиот предлог, нека биде ова ТРЕТА СРЕЌА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕЛЕНИЛО!

Слични содржини