Демократската обнова на Македонија (ДОМ) го поддржува претстојниот референдум за изгледот на Градскиот трговски центар што треба да се одржи на 26 април.

– Се придружуваме кон заложбите за зачувување на архитектонската вредност на ГТЦ, кој со својата интегрираност во урбаното ткиво, автентичност и функционалност, претставува дел од нашето културно наследство и како такво треба да се заштити. Референдумот е многу важен демократски институт и ниеден граѓанин не би требало да ја пропушти можноста да го искаже својот став за тоа како сака да изгледа срцето на неговиот град. Воопшто не е важно како некој гласал на парламентарни или локални избори, зашто на референдумот не се гласа политички, туку граѓански, како поединец со свој став и вкус, се вели во партиското соопштение.

Слични содржини