ДОМ е резигниран од упорноста на владејачките партии да продолжат да ги замајуваат граѓаните при очи, уши и ум! Избирачкиот список е хаос, а глумат дека не знаат математика! Прават проѕирна манипулација со објавените бројки, па наместо бројката од над 300.000 сомнителни гласачи што беше од страна на ДИК утврдена со консензус претходниот ден, синоќа објавуваат дека „само“ 110.000 спорни гласачи ќе се проверувале теренски.

DOM_zname
А подолу некаде, во новинарските текстови, стои дека дополнително, првин административно, а потоа и теренски, ќе се провереле уште 62.837 гласачи, дека има 35.859 починати гласачи, а за 7.345 уште не знаат кои се! Со просто собирање, само овој збир изнесува 216.481 гласач! Особено интересно е инсистирањето на дел од ДИК воопшто да не се проверуваат 124.027 гласачи, кои ги нема во ниту една институционална база, па се заклучило дека се веројатно иселени граѓани, но со право на глас! Не е проблем само правото на глас, туку и КОЈ ТОА ПРАВО ГО КОРИСТИ: дали тој самиот во странство, или некој друг тука, во Македонија, во негово отсуство!
Сума сумарум, излегуваат 340.508 гласачи, или 19% од вкупниот број, кои се спорни. И при сево ова да се тврди дека во избирачкиот список нема ниту еден фантомски гласач, е, најблаго речено – непристојно! На граѓаните им се наметнува двојна реалност и тоа не е здраво. Вака држава не се гради, вака држава се разградува!
Никој не смее да го потценува интелектот на граѓаните и нивното најмалку елементарно познавање на математиката. Бројките се тука, никој нема право да си игра со нив и селективно да ги објавува!

Слични содржини