Младата и сјајна кожа не е мит. Споделуваме три прекрасни рецепти за домашен мелем, кои ќе ви помогнат да ги откриете сјајот и убавината на кожата на лицето. Изберете ја вашата омилена комбинација и правете ја 1-2 пати неделно.a1223fdae6c121d1a6a52dc77b84fd93

Маска со кафеав шеќер
Во чинија измешајте:
1/2 лажица мед
1/2 лажица кафеав шеќер
половина лажичка маслиново или кокосово масло
неколку капки етерично масло по ваш избор
Сите состојки се мешаат добро и се поставуваат на исчистена кожа, со лесни масажни движења.

Масирајте 2-3 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ако е потребно, нанесете соодветен крем.

Маска со тиква
Во чинија измешајте:
мало парче фино рендана тиква
1 лажица кафеав шеќер
неколку капки витамин Е
1/2 лажица кокосово масло
Измешајте ги добро сите состојки. Нанесете со лесни масажни движења на кожата, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска со овесни снегулки
Во чинија измешајте:
2-3 супени лажица фино мелени овесни снегулки
1 лажичка бадемово масло
1 белка
1 лажичка кафеав шеќер
Сите состојки се мешаат добро и се става врз исчистена кожа со лесни масажни движења. Масирајте 2-3 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Слични содржини