Домашните компании премногу мали за Клиничкиот центар

од desk2

Домашните градежни компании не се наоѓаат во јавниот оглас за изградба на новиот Клинички центар на влезот во Скопје. Не можат да ги исполнат критериумите што ги бара Министерството за здравство,а не ни можеле да се покажат на вакви големи објекти, оти измината декада во Македонија такви не се ни граделе, Пишува „Независен“.

„Компаниите членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија имаат капацитет, знаење и искуство и се докажани во реализацијата на сериозни проекти во земјата, земјите од регионот и пошироко. Оттука, домашните градежни компании имаат капацитет да учествуваат во изградба на овој проект. Но, се поставува прашањето во однос на исполнувањето на бараните услови во распишаниот јавен оглас на Министерството за здравство, да имаат реализирано вакви или слични проекти во текот на последните 10 години, имајќи предвид дека во последните децении во Република Северна Македонија не се градеа објекти од ваков тип. Воедно, се поставува прашањето и во однос на исполнувањето на бараните критериуми за економската и финансиската состојба на економските оператори, со оглед дека домашните компании не го исполнуваат предвидениот финансиски услов во однос на минимумот годишен вкупен приход“, велат од коморското здружение, во кое членки се големите градежни компании, меѓу кои „Гранит“ и „Бетон“.

Целиот текст ТУКА

Слични содржини