Доматот го регулира крвниот притисок

од Vladimir Zorba

Доматот е еден од најбогатите извори на витамин Ц, Б витамини, витамин Е, лутеин, зеаксантин и друго, и не е калоричен. Содржи и натриум, калиум, магнезиум, калциум и железо, а компонентата што го правити доматот лек, ликопенот, ги дава неговите лековити својства.

Ликопенот има најсилно антиоксидативно дејство од сите каротеноиди кои се присутни во другите намирници, два пати е појак од бета-каротенот (витамин А) и десет пати појак од алфа-токоферолот (витамин Е) во неутрализирањето на слободните радикали.  Доматот го зголемува излачувањето на водата од организмот, поволно делува на срцето и циркулацијата, го регулира варењето на храната и го намалува крвниот притисок.

Слични содржини