Домино ефектот ќе ја стресе ЕУ: Првата плочка веќе падна …

од Vladimir Zorba

Го доживуваме крајот на светот поради Брекзит, убедена е Марин Ле Пен


Кандидатот за претседател на француската екстремна десница Марин Ле Пен најави дека одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија ќе има домино ефект во целиот блок, пренесува “Ројтерс”.
Ле Пен, која е претседател на анти-ЕУ, антиимигрантскиот “Национален фронт” и која според анкетите многу веројатно ќе стигне до вториот круг на претседателските избори, утврди дека Европа како главна точка од предизборната програма се нападите против ЕУ и еврото.

“Ние го доживуваме крајот на светот и раѓањето на друг”, истакна таа за време на состанокот на крајнодесничарски лидери од Германија, Франција, Италија и Холандија во германскиот град Кобленц ден по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

“Не велам дека секоја земја мора да ја напушти еврозоната … Но ние треба да оставиме можноста, ако една страна сака да го напушти”, додаде таа, предизвикувајќи бурни овации.

Слични содржини