Доналд и Меланија Трамп разговараа телефонски со премиерот и претседателот на Словенија

од Vladimir Zorba

 

Победникот на претседателските избори во САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија разговараа телефонски со премиерот на Словеније Миро Церар и со претседателот Борут Пахор.tramp-pobeda

Церар го поздрави Трамп за „исклучителниот успех“ и додаде дека неговата земја е горда на тоа што првата дама на САД има словенско потекло.

– Се гордеам со вас и со нетрпение очекувам да ве сретнам, и порача тој на 46-годишната манекенка.

Во разговорот Трамп го праша како е Словенија, а Церар одговори: „По годините на криза Словенија сега е подобро. Ја модернизираме државата и постигнуваме напредок, кој ќе се радуваме да го покажеме, кога ќе ни дојдете во посета, рече премиерот.

Трамп и неговата сопруга телефонски разговараа и со Пахор, кој „имаше срдечен разговор со идната прва дама Меланија Трамп, соопшти претседателскиот кабинет

Слични содржини