Доналд Трамп не ѝ дозволувал на Меланија да раѓа

од Vladimir Zorba

Чудно или не, но се појавија гласини околу тоа дека Доналд Трамп ѝ забранил на сопругата Меланија да раѓа и тоа прилично ги затегнало нивните односи. Причината поради која актуелниот претседател на САД не сакал деца, е дека убавата сопруга ќе го загуби сексапилот. Трамп сметал дека 35- годишната Меланија нема да може целосно да се опорави откако ќе роди, зашто одамна нема 20 години. Запознаени откриваат дека Првата дама успеа да гo убеди сопругот да имаат дете, но условот бил дека таа ќе се ослободи од вишокот килограми за кусо време потоа.

“Ѝ дозволи да роди само под услов ја врати формата брзо. Тие склучија договор за тоа”, истакнува близок до двојката, цитиран од missbloom. Тој додава дека во оној момент Трамп воопшто не се заинтересирал за здравјето на својата сопруга.

Денес нивниот син има 11 години, а Меланија продолжува да изгледа совршено и да демонстрира совршена фигура и визија воопшто. Злите јазици веднаш истакнуваат дека очигледно договорот меѓу нив уште бил валиден.

Слични содржини