Донаторите на ВМРО-ДПМНЕ сослушувани од СЈО

од desk2

Членови на ВМРО-ДПМНЕ кои донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ денеска на повеќе телевизии и медиуми кои важат за провладини сведочеа дека биле сослушувани од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со донациите кои ги дале за партијата на изборите во 2014 година, со што ги потврдуваат шпекулациите кои кружат извесно време дека ова обвинителство „чепка“ во сметките во власта, пренесува Нова.

dpmne

Од СЈООодбиваат да споделат информации со јавноста во врска со предистражни постапки. Наводно, во обвинителството масовно се испрашуваат стотици донатори – физички лица на владејачката партија, а провладините медиуми шпекулираат со бројка од 1,000 до 1,500 лица.

Финансирањето на политичките партии е една од областите која важи за сива зона во македонската демократија лишена од секаква транспарентност поради што домашните и меѓународни организации и институции редовно потсетуваат дека борбата против корупцијата и демократизацијата мора да почне одвнатре, односно во самите партии. Не постои ниту еден извештај за напредокот на земјава од ЕК во којшто не се потенцира потребата од контрола и надзор врз работата на партиите.

сторијата во целост прочитајте ја тука

Слични содржини