Досега 14 жртвите во земјотресот во Италија

од Vladimir Zorba

Силниот земјотрес,  кој ја погоди централна Италија во раните утрински часови, однесе  барем 14 жртви.

 

5032957Силниот земјотрес,кој ја  погоди централна Италија во раните утрински часови, одмесе  барем 14 жртви. Првиот земјотрес, со јачина од 6,2 степен, беше на границата меѓу областите Лацио, Умбра, Марке и Абруцо, со епицентар околу гратчето Акумоли.   По послабите потреси, следеа два земјотреси со јачина од 5,1 и 5,5 степени по Рихтер. Последниот посилен секундарен  земјотрес е со јачина од 4,5 степени по Рихтер и е регистрирано во 6 часот наутро по локално време. Разурнати се десетици села во три провинции – Асколи Пичето, Фарми и Мачерата, во областа Марке, соопшти телевизија РАИ.

(ОБНОВЕНА ) НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈА (ВИДЕО)

Многу луѓе се затрупани под урнатите згради. Спасувачките операции се прекинати, бидејќи погодениот од природната катастрофа регион е планински и тешко пристапен. Во гратчето Акумоли загинаа 6 лица, двајца загинале во Аркуата дел трон, а петмина – во Аматриче. Во Пескара дел трон загинало дете, а неговите родители се под урнатините. Специјалисти објаснуваат дека најголемите разурнувања се во населени места во реонот на Апенинскиот срт кој не е многу населен, но обично на крајот на август во овие места има многу туристи.

Земјотресот е почувствуван во градовите Перуџа, Риети, Норче каде има оштетени згради, патишта и мостови. Потресот е почувствуван и во Рим. / АФП, РИА Новости, ТАСС

Слични содржини